На три дестинации можете да отидете на одмор како порано

by Тони Зографски

Само три држави во светот се целосно отворени за туристи.

Станува збор за Албанија, Доминиканска Република и Костарика, стои во податоците на Светската туристичка организација UNWTO.

Повеќето дестинации се затворени уште од мај, 2020 година, па и подолго.  Една од три или околу 34 oтсто од сите дестинации во светот се делумно затворени, а 36 отсто бараат негативен резултат на ковид по пристигнувањето. Во некои случаи и во комбинација со барање за карантин.

Најмалку затворени дестинации има во Европа. Од 1 јули Европа е регион со најмалку затворени дестинации – 13 проценти, за разлика од Азија и Тихи Океан, каде за меѓународен туризам се затворени  70 отсто од дестинациите.

Во Северна и Јужна Америка за меѓународни туристи се затворени петина од местата, во Африка 19 отсто, а на Блискиот Исток 31 отсто.

останати вести

Comments are closed.