Британскиот принц Чарлс, принцот од Велс, откри во радио емисија поради кои песни добива „неодолив порив“ за танцување.
Песните на изведувачите „The Three Degrees“, Дајан Рос и Едит Пјаф се меѓу оние што ги избра Чарлс за време на претходно снимената емисија за Hospital Broadcasting Association (Здружението на национални болнички организации за емитување радиска и телевизиска програма).
Во едночасовната емисија „Music & Memories With HRH The Prince of Wales“, емитувана на 73-годишнината од основањето на Институтот за јавно здравје (НХС), престолонаследникот ги откри неговите омилени песни од младоста до денес , вклучувајќи ја и „Givin ‘Up, Givin’ In”, изведена од The Three Degrees, на прославата на неговиот 30-ти роденден.
Ова е целосната селекција на принцот:
- „Givin’ Up, Givin’ In” – The Three Degrees
- „Don’t Rain On My Parade” – Barbra Streisand
- „La Vie En Rose” – Edith Piaf
- „Upside Down” – Diana Ross
- „The Voice” – Eimear Quinn
- „The Click Song” – Miriam Makeba
- „You’re A Lady” – Peter Skellern
- „La Mer” – Charles Trenet
- „Bennachie” – Old Blind Dogs
- „Lulu’s Back In Town” – Dick Powell
- „They Can’t Take That Away From Me” – Fred Astaire and Ginger Rogers.
- „Tros Y Garreg/Crossing the Stone” – Catrin Finch
- „Tydi a Roddaist” – Bryn Terfel