Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристаншен град Шенѓин, каде била на одмор.
„Станува збор за 70-годишна жена од Македонија, која кога почнала да се дави, на помош и притекнале капачи кои биле во нејзина блзина. Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена за потребна лекарска помош во болницата во Лежа. Причините не се познати“, пренесува Ора њуз.
Според истиот извор, македонските, заедно со косовските туристи се најбројни на плажите долж албанското крајбрежје. Поголем процент одмараат во Шенѓин, поради богатата борова шума и климата која е идентична со онаа во црногоското одморалиште Улцињ.