Што е проблематично во текстот на Апасиев?
Во анализата имав предвид дека станува збор за: професор на Правен факултет, за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и за претседател на партија, – напиша на својот Фејсбук профил професорката Мирјана Најчевска.
Најчевска во објавата додава:
1. Тоа што полицаецот го нарекува џандар – со што покажува потценувачки однос кон државна институција и намера да го омаловажи службеното лице.
2. Омаловажувањето продолжува со тврдењето (кое не се базира апсолутно на никакво знаење) дека станува збор за човек кој позицијата ја добил со завршување на некаков курс наместо да има соодветна обука.
3. Ја негира потребата од алко-тест (најверојатно заради тоа што пратениците никогаш не консумираат алкохол)
4. Не знам дали полицаецот му побарал на Апасиев да направи преглед или претрес (од начинот на кој го опишува случајот немам верба дека Апасиев прави разлика меѓу двете работи)
5. Пратеникот нема уставен имунитет кој го заштитува од преглед или претрес. Според членот 64 од Уставот, пратениците имаат имунитет за работи искажани во Собранието и не можат да бидат притворени без одобрение на Собранието (освен доколку се фатени во извршување кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од најмалку 5 години).
6. Претрес на возило полицијата не смее да прави без основано сомнение на никого (независно од тоа дали станува збор за пратеник или не).
Би сакала да ја слушнам и другата страна, затоа што во правото важи принципот: audiatur et altera pars.
Наравоучение: немој да се претставуваш како професор по право ако не го знаеш правото.
Comments are closed.