Иако е на прагот на осмата деценија од животот, Неда Украден (70) може да се пофали со тело на кое би ѝ позавиделе значително помладите колешки.
На промоцијата за својата најнова песна Неда се појави во долг фустан со блескав сјај, а впечатлив беше деталот во форма на златен ланец околу половината. Покрај тоа, фустанот има длабок шлиц, од двете страни со што Неда докажа дека овој модел на фустан може совршено да одговара на секого, и дека возраста е навистина само бројка.
„Ви благодарам на сите за незаборавната вечер“, напиша 70-годишната Неда на Инстаграм по промоцијата.
Таа сподели неколку моменти од Белград со своите придружници.
„Прекрасна си“, „Изгледаш прекрасно“, „Лејди, кралица“, „Дама со стил отсекогаш била и останува“, се некои од коментарите под објавата.