Триесет и шестгодишната Сута Сиванантам се обидела да се самоубие откако со нож 15 пати ја избола својата петгодишна ќерка Сајаги Сиванантам во спалната соба во нивниот стан во јужен Лондон. Убиството се случило во септември, а по неколкумесечно лекување на жената, во тек е голем судски процес во Британија.
Мајката се жалела на мистериозна болест скоро една година, а нејзиниот сопруг верува дека се стравот од вирусот и локдаунот кој следел, довеле до тоа жената да добие психички проблеми.
“Верувам дека ограничувањата воведени поради ковид-19 негативно влијаеја на нејзината ментална состојба. До есента 2019 година се жалеше на мистериозни болки, а до летото следната година се жалеше на вртоглавица и слабеење, објаснил нејзиниот сопруг за британски „Сан“.
Обвинителот Бил Емлин Џоунс објаснил дека „обвинетата развила болна загриженост затоа што мислела дека страда од недијагностицирана сериозна болест“.
“Се убедила себе дека ќе умре, објаснил тој за весникот.
Болничките тестови покажале дека Сиванантам во одреден момент била заразена со коронавирусот.
“Вечерта пред инцидентот, таа го прашала својот сопруг дали тој ќе се грижи за децата во случај на нејзина смрт. Утрото, го молела да не оди на работа, но тој ѝ објаснил дека мора да оди, и ја оставил дома сама со детето. Сиванантам во текот на денот им се јавувала на пријателите, жалејќи се на своето здравје, но тие ѝ велеле дека сè e во ред. Околу 16:00 часот соседите повикале полиција, откако ја пронашле на подот со убодни рана во пределот на стомакот, изјави Емлин Џоунс за британски „Сан“.
Мајката и ќерката биле пренесени во болница со Брза помош, но петгодишната Сајаги брзо им подлегнала на повредите.
Таа била прободена 15 пати, а два од убодите навлегле длабоко во нејзиното срце.
Во болницата, Сиванантам на лекарите им кажала колку е преплашена, и дека е убедена дека наскоро ќе умре и дека е болна. Објаснила дека на денот на убиството се чувствувала како да спие и да сонува, знаела дека се повредува, но не сфатила дека ја повредува и својата ќерка.
Сиванантам неколку месеци остана во болница поради повредите што си ги нанесе, а еден од психијатрите кои ја лекувале открил дека социјалната изолација и стресот предизвикани од заклучувањето поради коронавирусот придонеле кон нејзиното сериозно ментално заболување.
“За време на злосторството се чини дека во менталната состојба на г-ѓа Сиванантам доминирала хипохондрична заблуда и затоа се однесувала ненормално. Нејзиното однесување и донесување одлуки беа под силно влијание на нејзината психотична состојба. Сепак, според мое мислење, таа веројатно ја знаела основната природа и квалитетот на своите постапки во моментот на нападот и знаеше дека тоа што го прави не е во ред, сведочел пред судот д-р Најџел Блеквуд, друг член од тимот лекари задолжени за нејзиното лекување.
Нејзиниот сопруг пред судот рекол дека не разговарал со неговата сопруга, но прифатил дека таа не е одговорна за нејзините постапки.
“Знам дека ако беше добро, немаше да може да ја убие нашата ќерка, рече тој.