Принцот Хари слета во Велика Британија и се подготвува за церемонијата на откривање на статуата на неговата покојна мајка со неговиот постар брат Вилијам, и покрај нивната кавга. Се очекува Хари да се изолира пет дена во куќата на Фрогмор во Виндзор пред тој и Вилијам да се сретнат на 1 јули во палатата Кенсингтон, на 60-тиот роденден на принцезата Дајана, пренесува nova.rs.
Но, Имало драматични сцени на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес пред Хари да се качи на летот на Американ ерлајнс за Лондон. Автомобил управуван од непознат возач пробил ограда и удрил во аеродромот во ЛАКС, принудувајќи ги вработените на кратко да ги затворат пистите.
Возачот е приведен, а на аеродромот биле видени 20 полициски автомобили.
Инаку, сопругата на Хари, Меган Маркл остана во САД со своите деца.