СЕ ОТРУЛЕ СО АЛКОХОЛ: Снимка од забавата каде 14 малолетници во бессознание завршија во болница (ВИДЕО)

by Тони Зографски

14 малолетници синоќа биле пренесени  во бессознание од Ада Циганлија во Воено-медицинската академија во Белград. Момчето кое присуствувало на синоќешната забава на Ада Циганлија во Белград, а за кое се веруваше дека се удавило, бил пронајден жив, но пијано.

На забавата, за која се претпоставува дека имало околу 1.000 луѓе, тинејџери на возраст од 15 и 16 години им бил послужен алкохол, а поради забрната  организаторите ќе добијат прекршочна пријава.

Во прв момент постоеле сомнежи дека децата биле отруени со нешто што им било ставено во пијачките, но подоцна се покажало дека едноставно се отруле со алкохол. Влезниците за забавата чинеле околу 10 евра со вклучено неограничено пиење. Во српските медиуми се појави информацијата дека сепарињата со по три шишиња вотка ги изнајмувале родители.

Воено-медицинската академија објави дека сите 14 малолетни лица кои биле примени поради алкохолна интоксикација биле пуштени дома во добра општа состојба откако им била укажана помошта.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com