Додека научниците во Германија предупредуваат на опасноста од видот делта, веќе се шири следната варијанта на вирусот.
Колку е опасна Ламбда?
Видот C37 или едноставно Ламбда. Можно е името на овој вид наскоро да се најде во насловните страници низ целиот свет. Пред една недела, Светската здравствена организација го класифицираше овој вид во категоријата „под опсервација“ (VOI, варијанти од интерес), бидејќи доведува до чести инфекции и се појавува истовремено во неколку земји. Поточно, во 29 година, а седум од нив се латиноамерикански земји: Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и Чиле.
Варијантата ламбда првпат се појави во август 2020 година во Перу. Скоро една година подоцна, тој вид доминира таму со 82 проценти. Во Чиле, овој вид ја предизвикува секоја трета инфекција.
Хаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни заболувања во Светската здравствена организација, за ДВ вели:
„Досега нема индикации за агресивно однесување на варијантата ламбда. Иако постои можност за поголема стапка на инфекција, сепак немаме докажано истражување за споредување на варијантата гама и делта“.
„Гама“ и „делта“ соевите, како и претходните „алфа“ и „бета“ варијанти на коронавирус, спаѓаат во „загрижувачките соеви“ . Докажано е дека се повеќе заразни, потешко се контролираат и доведуваат до сериозни болести“, вели Мендез-Рико.
Потенцира дека вакцината е ефикасен лек против мутантни соеви: “Сите одобрени вакцини се генерално ефикасни против сите варијанти на коронавирус кои се во оптек низ целиот свет. Нема причина да претпоставуваме дека тоа не е случај и со „ламбда“ сојот”.
Многу научници тврдат дека пандемијата ќе заврши само кога ќе се вакцинираат 80 проценти од светската популација. Дотогаш, постојано може да се појавуваат нови варијанти на вирусот. Сепак, Хаиро Мендез-Рико смирува:
“Иако ја има таа можност, во моментот нема индикации дека варијантите се поопасни или доведуваат до зголемена смртност. Коронавирусот веројатно ќе стане заразен во својот еволутивен процес, но не повеќе штетен за домаќинот “.