Заев со партиските другари играше фудбал во Желино (ФОТО)

by Тони Зографски

Премиерот Зоран Заев вчера ги покажа своите фудбалски квалитети во партиски натпревар во тетовско Желино.

Тој на својот Фејсбук профил објави:

“Прекрасно спортско неделно попладне во Желино.⚽

Со членовите на раководството на #СДСМ денеска во Желино пуштивме во употреба ново спортско игралиште, со средства од СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, изградено во рекорден рок.

Ја искористивме приликата да одиграме партија фудбал и со тоа да го отвориме за користење за граѓаните на Желино.

Младите од оваа општина сега имаат нов современ простор за спортување и рекреација.

Спортот зближува, спортот е инвестиција во здравјето и иднината.

Продолжуваме да инвестираме во сѐ она што е важно за сите, подеднакво и во руралните и во урбаните средини.

останати вести