Најбрзиот човек на светот Јусеин Болт објави дека добил близнаци, чии имиња се Тандер и Сент Лио.
Атлетичарот од Јамајка ја објави среќната вест на Инстаграм со семејна фотографија на Денот на таткото, со емоџи што претставува молња што ја постави покрај имињата на момчињата, како и покрај името на нивната постара ќерка Олимпија Молња родена во мај 2020 година.
Неговата партнерка Каси Бенет исто така објави фотографии од семејството со порака:
„Среќен ден на таткото на мојата љубов засекогаш. @Usainbolt ти си карпа на ова семејство и најдобар татко на нашите деца“.
Инаку, Јусеин Болт (34), е носител на осум златни медали од Олимписките игри во 2008, 2012 и 2016 година. Се повлече од атлетиката во 2017 година па така нема да учествува на ОИ во Токио. Потоа се обиде како фудбалер, но во 2019 година сепак го напушти светот на спортот. Тој сè уште држи светски рекорди на 100 и 200 метри и е единствениот спортист кој зеде злато во двете дисциплини на три последователни Олимписки игри.