На социјалните мрежи се појави необично видео од прославата на матурата. Имено, матурантите на Економското и трговско училиште во Нови Пазар го прославија овој посебен ден во присуство на танчерка.
Директорот на училиштето Иван Веjковиќ за Телевизија Санџак изјави дека раководството на Економското и трговско училиште не организирало ниту учествувало во реализацијата на матурската вечер.
Како што може да се види на видеото, забавата започнала во голема еуфорија, но масата се скрши кога едно од момчињата се качи заедно со танчерката.