По финалето на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ својот рекет одлучи да му го подари на едно момче, свој верен навивач.
Станува збор за Матео, момче од Мексико кое го бодреше српскиот ас во полуфиналето против Надал, но и во финалето против Циципас.
“Му говорев „Смири се, можеш да го направиш тоа“ и му викав во текот на целиот натпревар. Четири часа без престан“, изјавил Матео.
„За мене делуваше невозможно. Ми беше тешко, но продолжив да го мотивирам.
Јас не играм тенис, но многу сакам да гледам како играат. И имав среќа да ме повикаат на натпреварот. Многу ми се допаѓа тој спорт. Јас играм фудбал, во Мексико навивам за Америка, а од странство со цело срце навивам за Мадрид, но сега и за ПСЖ“, вели ова среќно момче.
Тој објасни дека го гледал и полуфиналниот натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
„Го гледав финалето затоа што го победи Надал, „Кралот на земја“, а во финалето бев убеден дека Новак може и ќе успее дури и иако губеше по два сета“, додал Матео.
После финалето, Ѓоковиќ зборуваше за него.
„Не го познавав момчето. Го слушав скоро целиот натпревар, особено кога заостанував два сета. Ме охрабруваше и бодреше. Всушност, тој дури ми даде совети за тактика. Ми велеше: „Чувај го својот сервис, освој лесна прва топка, потоа удри силно и тргни ба неговиот бекхенд. Буквално ми даваше тренерски совет“, истакнал Ѓоковиќ.