Набргу откако Доналд Трамп јa загуби функцијата претседател на Соединетите американски држави, медиумите беа најмногу заинтересирани за Меланија Трамп.
Имено, поранешната прва дама за време на мандатот на нејзиниот сопруг отворено покажа дека не е најсреќна што е во брак со еден од најбогатите луѓе на светот.
Еден месец по напуштањето на Белата куќа, ударна приказна на порталите е дека Меланија Трамп е решена да се разведе и не сака да го гледа сопругот во слободното време.
Сомнежи дека поранешната манекенка и модна икона полека, но сигурно подготвува терен за напуштање на Трамп, е и прославата на роденденот на Доналд на 14. јуни, на кој таа не се појавила. Според британските медиуми „Дејли Стар“ и „Мирор“, никој не ја видел Меланија на забавата.
Поранешниот претседател организирал роденденска забава во голф-клуб во Њу Џерси со неговиот син Доналд јуниор. На роденденското видео може да се видат бројни гости, но Меланија не е меѓу нив.
Луѓе блиски до Мелнија им откриле на медиумите дека нејзината дневна рутина не се сменила многу откако Трамп го напуштил претседателското место. Таа не сака да дава изјави или интервјуа за новата прва дама и каков бил нејзиниот живот за време на нејзиниот престој во Белата куќа. Поголемиот дел од времето го поминува со својот син Барон и повремено го гледа Трамп на ручек, но надвор од тоа не е во контакт со сопругот, па се сомнева дека Меланија се подготвува за развод.
On #gasen watch, there’s @DonaldJTrumpJr and @HerschelWalker at the former president’s birthday bash at his golf course in NJ. Walker is still considering a Senate run — and still apparently in no rush to announce his decision. #gapol pic.twitter.com/YVFyUChe4X
— Greg Bluestein (@bluestein) June 15, 2021