Министерот за здравство Венко Филипче беше на роденденот на едногодишната Лара, ќерка на донорот на срце и бубрези која спаси три човечки животи, Јасмина Василковска.
-Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни една година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благодарноста и хуманоста наследи ги од твоето семејство, кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство, – напиша Филипче на Фејсбук споделувајќи фотографии од роденденската забава.
Comments are closed.