Мадона (62) не престанува да ги изненадува своите обожаватели ширум светот со својот провокативен изглед. Таа неодамна објави фотографија на социјалните мрежи каде позира во провокативен кожен градник.
Популарната дива им пркоси на годините во седмата деценија од животот. Иако многумина ја критикуваа за бројните интервенции на лицето – пејачката изгледа одлично, фановите се согласуваат со тој факт.
Под фотографијата што ја објави, напиша краток опис: „Нов живот. Њујорк. Преображение“.
Сликата доби повеќе од половина милион лајкови, проследени со позитивни коментари и емотикони.
„Прекрасна си“, „О Боже мој“, „Колку се убави твоите веѓи“, се само дел од коментарите на бројните фанови.