СЕ ОЖЕНИ ВО КОСТИМ И ПАТИКИ: Ракометарот Игор Карачиќ и официјално стана македонски зет (ФОТО)

by Тони Зографски

Ракометарот Игор Карачиќ кој неколку сезони ги бранеше боите на клубот Вардар и официјално стана македонски зет.

Вчера и се заколна на вечна љубов на манекенката Душица Андоновска со која беше неколку години во врска.

Свадбата беше во Мостар, од каде е Игор, во кругот на најблиските роднини и пријатели, а воедно го прославија и роденденот на Душица.

За свечесноста, Душица носеше кратка венчаница, додека Игор облече костим и патики.

Струмичанката и Игор во моментов живеат заедно во Полска каде што Игор игра за Киелце.

Ова е нивна прва заедничка фотографија од свадбената веселба, а младата се одлучила за необична венчаница, елегантна и секси, која ги истакнува нејзините нозе.

 

останати вести

Comments are closed.