Во средно училиште во Њу Хемпшир, на учениците им напишале бројки на рацете, со црн маркер на оние кои не биле вакцинирани против Корона вирусот корона, а со црвен на вакцинираните, пренесува Њујорк Пост.
Мелиса Личфилд, од Претставничкиот дом на Њу Хемпшир, за оваа ситуација ја изразила својата загриженост на Фејсбук:
– Невакцинираните матуранти мораа за време на матурската забава морале да кренат рака по секоја трета песна за да ги пребројат.
Од училиштето коментираат дека тие го сториле ова за да можат сите да дојдат на матура. Директорот Мајк Монахан смета дека целокупниот впечаток бил позитивен:
– Свесни сме дека имало загриженост во врска со приватноста на матурантите или нивната поделба. Се потрудивме да не е така.
– Се надеваме дека заедницата ќе разбере дека ниту еден модел не е совршен. Овој модел им овозможи на учениците да уживаат на начин сличен на нормалниот за да се збогуваат со средното училиште. Ние сакаме да се сеќаваат на нивната матура..
Училиштето додаде дека учениците знаеле за овој систем на следење на вирусот кога се пријавиле за матурската забава, но пратеничката Личфилд изјави дека родителите не биле запознаени со истото.