Македонската репрезентација со пораз го отвори своето деби на Европските првенства против Австрија вчера на Националната Арена во Букурешт, ама без оглед на поразот духот кај неколку илјадните наши навивачи не мирува, па денеска направија вистинско шоу во стариот град од романската престолнина.
Километарско оро се спои во делот кој е преплавен од кафулиња, ресторани, барови, па македонските навивачи заиграа среде Букурешт, без оглед на резултатскката разочараност од вчерашниот пораз во завршните 13 минути од мечот.
Македонските навивачи се вистински хит во Романија, а домаќините имперсионирани од настапот на „Фалангата“, па пофалбите доаѓаат секојдневно, а ова оро уште повеќе ќе ги собере импресиите на домаќините за шоуто што го приредуваат Македонците.
Извор: спорт1.мк