Од следниот месец од аеродромот во Кукуш ќе има летови со „Ер Албанија“ до две атрактивни дестинации по ниски цени, најави албанскиот премиер Еди Рама на својот Фејсбук-профил.
Станува збор за летови до Цирих и Истанбул, чија цена ќе биде 1 евро плус аеродромски такси. Притоа, билетот до Цирих и до Истанбул ќе чини 12 евра, додека летот од Цирих кон Албанија ќе чини 28,66 евра, а од Истанбул 23 евра.