Телото на шестгодишно девојче кое го киднапирал нивниот татко со нивната помала сестра е откриено во водите околу островот Тенерифе по неколку недели потрага, што предизвика бура емоции кај Шпанците во петокот.
Оливија (6) и нејзината сестра Ана (1) биле прогласени за исчезнати кон крајот на април на Канарските острови, заедно со таткото , кој се развел од мајката, изјави за AFP портпаролот на цивилната заштита.
Ден по исчезнувањето, биле пронајдени чамецот на таткото и седиштето за во автомобил што го користела Ана и започнала полициска потера.
Телото на шестгодишната Оливија било вчера пронајдено на дното на океанот, потврди портпаролот на полицијата, а властите продолжуваат со потрагата по Ана и нејзиниот татко.
Телото на Оливија било пронајдено на длабочина од 1000 метри во торба, прицврстена за сидрото од бродот на нејзиниот татко.
„Не можам ни да ја замислам болката на мајката на малите Ана и Оливија, кои исчезнаа во Тенерифе, соочена со ужасната вест што штотуку ја слушнавме“, објави вчеравечер премиерот Педро Санчез на Твитер.
Во Шпанија, 39 малолетници биле убиени од нивните татковци или партнери и поранешните партнери на нивните мајки од 2013 година, покажуваат бројките на владата.
Неколку здруженија на жени повикаа на протести во повеќе шпански градови за да го осудат злосторството, како и зголемениот број убиства на жени од почетокот на годината.