Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од завчера.
-Господ е голем..Наташа Николова е пронајдена!! Ви благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте на било каков начин!!-напиша на Фејсбук Елена Кузманова.
Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг.
Роднините со неколку полицајци ја бараа среде невремето, и апелираа за помош од надлежните институции. Пребаруваа околу Гоцевата шума во Кочани, околу Гратче, во многу лоши временски услови.
Во потрагата по девојчето не беа вклучени ниту хеликоптер, ниту пак дрон.
Comments are closed.