Трите жени сакале да пловат на отворено море, додека нивните сопрузи биле на брод, пренесува ВАЛА.
Во еден момент, тие биле опкружени со ајкули, кои ги преплашиле Лејси и Кјустон, додека Кејси, изненадувачки, се смеела како никогаш порано во нејзиниот живот.
Додека сопрузите давале совети од бродот за тоа како да се однесуваат додека ги носи морската струја, Лејси и Кјустон исто така почнале да се смеат, во стилот „има еден живот и ако ни е предодредено да умреме сега – нека биде така. „
– Мислев само на Бога и се молев себеси. Ако ова е последниот ден од нашите животи, тогаш нека бидеме навистина заедно. Тогаш ја видов Кејси како се смее додека не ја заболе стомакот, па почнав да јагледам ситуацијата на тој начин. По околу триесет секунди, ајкулите заминаа понатаму и не се вратија – рече Лејси Фашијан.
На крајот, таа истакна дека луѓето даваат многу пари за да имаат искуство со ајкули, и тие ги добиле – бесплатно.
Судејќи според коментарите на овој текст, малкумина би се однесувале како овие три жени ако одеднаш биле опкружени со ајкули во вода.
Comments are closed.