Популарниот италијански милионер и миленик на жените Џанлука Ваки (52) пристигна во Србија, каде што ја прими втората доза вакцина против коронавирус.
Италијанскиот милионер беше вакциниран во Белград на 12 мај, а сега повторно дојде за ревакцинација.
Џанлука пристигна во Белград со приватен авион, а потоа се упати кон Белградскиот саем каде што ја прими втората доза вакцина на „Фајзер“. Притоа тој откри дека има српски корени.
„Го сакам Белград, а имам и српски корени од дедо ми, така што Србија ми е многу блиска. Луѓето секогаш ме поздравуваат убаво и јас сум многу среќен. Ќе останам два дена и потоа ќе се вратам“, откри Џанлука.
Џанлука се прослави со танцови видеа, а веќе со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните профили на Инстаграм кои го следат милиони, кога станува збор за оние кои се заинтересирани да гледаат убави жени, луксузни куќи, јахти, трошење пари и луда забава.
Покрај пуштање музика на забави ширум светот и уживање во убави девојки, Ваки тренира секој ден, неговото тело е целосно покриено со тетоважи и веројатно никогаш не би претпоставиле колку години има Италијанецот.
Џанлука неодамна доби ќерка со 28 години помладата девојка Шарон.