Две мали девојчиња биле сериозно повредени откако гумен замок на надувување одеднаш „експлодирал“ и полетал на висина од 25 метри, фрлајќи ги преку металната ограда на трамвајските шини.
На снимката се гледа паниката што избувна во рускиот град Барнаул, кога експлодираше џиновски замок за деца и фрли деца на возраст од три и четири години во воздух. Три деца не беа повредени по тој повод, но две девојчиња се во сериозна состојба.
Една од нив, идентификувана како Ана (3), се здобила со потрес на мозокот и фрактура на ‘рбетниот столб. Друга, по име Вика (4), се здоби со скршеница на черепот и повреди на белите дробови и стомакот откако била фрлена скоро 15 метри во воздухот од замокот.
Возрасните побрзаа да го обезбедат замокот и да проверат дали има уште деца внатре.
Истражителите ја испитуваат причината за несреќата во близина на трговскиот центар и првично мислеа дека е предизвикана од силен ветер. Сепак, сведоците велат дека немало ветер, но тие тврделе дека имало звук како експлозија или силен излив.
Една од теориите е дека замокот бил премногу надуен, а потоа и неправилно обезбеден.
-Каков ветер? Работам една станица понатаму, но дури и слушнавме тресок – рече Анастасија Долматова.
Таа ги повика истражителите да ја утврдат „точната причина“ на несреќата.
Локалните жители наведуваат дека „некои јажиња не биле обезбедени“, како и дека замокот бил врзан за ограда, што не е во согласност со безбедносните барања.
-Замокот немаше заштитна основа и се триеше од асфалтот, што можеше да предизвика пукање, рече еден од сведоците.
Рускиот истражен комитет покренал кривична постапка поради инцидентот и контактирал со сопствениците на забавниот парк.
https://www.youtube.com/watch?v=2ZN6zs7B6D8&ab_channel=Info-Viral-Fun