Луиз Фишер од радиостаницата РАДИО4 била во мисија да известува за повторното отворање на клуб недалеку од Копенхаген по ублажувањето на превентивните мерки.
Во извештајот емитуван на почетокот на оваа недела, Фишер се слуша како интервјуира луѓе во свингерски клуб, а потоа и самата им се придружува во нивните сексуални игри. Слушателите можат да ги слушнат експлицитните звуци на нивниот сексуален однос додека му поставува прашања на нејзиниот сексуален партнер.
„Свинг-сцената е прилично мистериозна“, рече Фишер во интервју за весникот „Јиландс-Постен“, велејќи дека сакала да воспостави доверба со луѓето во клубот.
Директорката на програмата Тина Крагелунд го пофалила нејзиниот посветен пристап кон новинарството.
„Мислам дека е сосема во ред нашите новинари да експериментираат со новинарството на поинаков начин“, изјави Крагелунд за данскиот весник. Раководството на радиостаницата претходно и дале зелено светло на нивната истражувачка новинарка за секс во свингер-клуб, се разбира, ако таа сака.
Крагелунд за шведската телевизија СВТ изјавила дека нејзината радио станица нема резерви за нешто универзално како сексот. Таа додаде дека нејзините новинари честопати ги внесувале своите искуства и во други извештаи.
„Така успеавме да навлеземе подлабоко во целата приказна отколку што би ја имале кога би биле само набљудувачи“, рече таа за СВТ.
Луиз Фишер изјавила дека некои нејзини колеги новинари ја критикувале за преминувањето на границата, но огромното мнозинство од повратните информации што ги добила радиостаницата биле позитивни.
Radio4 var med, da swingerklubberne igen måtte åbne.
Advarsel: Det blev hedt og vådt for både vores reporter og gæsterne.
Hør hele reportagen her:https://t.co/B4bFtpThNe #dkmedier #radio4dk pic.twitter.com/RskBTQITYO
— Radio4 (@radio4dk) May 27, 2021