На социјалните мрежи се појави фотографија од експремиерот во бегство Никола Груевски како ужива во женско друштво.
Неофицијално, според пишувањата на одредени портали, станува збор за девојка која е родум од Србија. Која е нејзината поврзаност со Груевски, е непознато.
Претходно, Груевски беше фотографиран и со други девојки, од кои дел беа направени на забави во Унгарија.
Инаку, поранешниот премиер од 2018 е во бегство во Унгарија, каде што беше прогласен за политички азилант и ја избегна казната затвор за случајот „Тенк“ и стана недостапен за македонските органи на прогонот за другите обвиненија. Македонските власти бараа од Унгарија екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, но и за истрагата за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017.