Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, жестоко реагираше откако Владата предвиде над 2 милиони евра да потроши на картички за странските туристи кои ќе патуваат во Македонија, а за кои се предвидени бесплатни патарини.
„Не озбилно… Вие не сте нормални! Три милиони ЕУР за картички за неплаќање патарини на српски туристи летово!? WTF? Абе торлаци, тоа се решава така што, во знак на благодарност, ќе ги пропуштаме сите коли со српски таблици на сите патарини. И толку! Многу едноставно. Ни картички, ни ваучери, ни тендери, ни пи*ке-си-материне! p.s. Ама вас ви е битно тендерчето за „картичките“ да си го наместите – ѓубриња смрдени клептомански“, напиша на својот Фејсбук профил Димитар Апасиев.