Девет луѓе загинаа, а две деца се во болница откако кабина од жичарница падна во близина езерото Маџиоре во северот на Италија, јавува Скај њуз.
Во кабината се возеле 11 луѓе, а двете деца биле однесени со хеликоптер во болница во Торина.
Италијанските медиуми јавуваат дека спасувачката мисија се одвивала побавно поради тоа што кабината паднала во шума.
Кабината од жичарницата била високо од тлото. Кабловската линија била обновена пред пет години, а неодамна повторно е отворена откако поради пандамијата жичарниците беа затворени ширум Италија.