ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Косовскиот амбасадор во Македонија одбива да биде сменет

by Тони Зографски

Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај, одбива да го прифати указот од претседателката Вјоса Османи Садриу за негово разрешување и се заканува дека и физички ќе ја брани својата позиција, објави српскиот портал Новости.

Дедај ваква порака му упатил на новоименуваниот вршител на должноста амбасадор Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, кој досега беше советник во Амбасадата.

– Уставот и законите се Библијата и Куранот на косовското општество, пред кои сите треба да бидеме немоќни – напиша Дедај на социјалните мрежи.

Претходно, Дедај го предупреди идниот амбасадор во таа земја дека физички ќе ја брани својата позиција, не прифаќајќи го декретот на претседателката на Косово.

На предлог на Министерството за надворешни работи и дијаспората, претседателката Вјоса Османи донесе одлука Дедај и 11 други амбасадори избрани по политички клуч да се повлечат од своите позиции.

Дедај беше назначен за амбасадор со декрет на поранешниот претседател, Хашим Тачи и ја презеде функцијата амбасадор во октомври 2018 година.

Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, треба да ја извршува функцијата в.д. амбасадор во амбасадата во Скопје, кој досега беше советник во таа амбасада.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com