Пејачката Ребека јанковска- Ристески и нејзиниот сопруг Милан Ристески пред два дена ја прославија својата 15-годишнина од бракот. По тој повод Ребека преку својот Фејсбук профил напиша неколку реда за Милан:
“Едно сме. Љубов чиста многу милна. Те сонив, сретнав и вкусив пред 26 години. Денес 15 год.од бракот пред Бога. Се уште си тука“, напиша Ребека и ја сподели нејзината постара песна која се вика Едно.
Минатата година, кога прославија годишнина од бракот, Милан ѝ посвети неколку убави реченици на својата сопруга на Фејсбук.
“На денешен ден, 2006 година, жена ми и јас на нашата венчавка. Во Ноември 2006 се породи и пак си се врати во форма, потоа, во 2013, пак се породи, и пак се врати во форма.
Јас никако да се породам…Шега на страна. Ти благодарам љубов моја, што ме трпиш, иако не сум лесен за трпење. Те сакам исто како и во 2006, и во 2013“, напиша Милан минатата година.
Инаку, Ребека и Милан се родители на три машки деца: Маркија, Макарији Доротеј.