Првиот трејлер за документарниот филм за принцот Хари, кој ја документира неговата ментална состојба во серијалот со Опра Винфри, покажува неколку снимки од него и принцот Чарлс од погребот на неговата мајка.
Младиот војвода од Сасекс се согласил да соработува со американското чет шоу, со цел да сними документарец наречен „Јас, кого не го гледате“.
На некои делови од овој трејлер, јасно е прикажан неговиот разговор со Опра за неговата ментална состојба.
„Донесувањето одлука за добивање стручна помош не е знак на слабост. Напротив, во денешниот свет, тоа е, повеќе од кога било, знак на сила“, истакнува младиот принц.
Во најавата се прикажани емотивни снимки од него и неговиот татко како разговараат на погребот на неговата мајка, принцезата Дајана.
Исто така се прикажани и Меган Маркл и синот Арчи.
Војводата од Сасекс истотака откри дека сакал да го напушти кралското семејство бидејќи пред 15 години видел што и направило кралското семејство на неговата мајка.
„Во своите 20 години си велев дека не го сакам ова, не ја сакам круната бидејќи видов што и направија на мојата мајка. Затоа што видов што се случува зад завесата на семејните работи, знам како функционираат, токму поради тоа не сакам да учествувам, ниту да бидам дел од тоа“, вели принцот.
На крајот принцот вели дека не го обвинува кралското семејство за претходните случувања, но дека знае како ќе го воспита синот Арчи.