Утрово во Израел беше погоден домот на робусниот напаѓач од Нигерија, Ибе Зито Огбона кој го носеше дресот на Вардар во 2013 година.
Неговиот дом беше погоден од ракета, а тој повреден со возило на Брза помош беше однесен во болница. Таму му беа извршени испитувања и санација на раните, по што беше хоспитализиран.
Огбона за цело време вршеше пренос на својот Фејсбук профил, од моментот кога беше погоден со ракета, па до транспортот со амбулантното возило како и прегледите во болницата.
Инаку,Огбона откако ја заврши фудбалската кариера остана да живее во Израел каде што мина најголем дел од кариерата.