Навивачите на Салернитана цели 23 години чекаа да се израдуваат на пласман во Серија А и тоа конечно им се оствари. Илјадници навивачи излегоа на улиците да го прослават овој успех, а во фокусот на прославата беше една атрактивна навивачка.
Италијанските медиуми наскоро објавија дека атрактивната дама што ја рекламираат светските медиуми е всушност 40-годишната порно актерка Присила Салерно.
„Во добро и во зло, вашата кума секогаш ќе биде тука. Моето срце забрзано чука поради пласманот во Серија А. Следната година ќе бидеме прваци“, беше пораката на атрактивната Присила.