Најмалку девет лица, вклучувајќи осум деца и наставник, беа убиени во пукање во училиште во Казањ, Русија.
Полицијата уапси тинејџер, кој е осомничен дека влегол во училиштето вооружен со автоматска пушка и отворил оган.
За да се спасат децата бегале низ прозор. Наводно, според медиумите, се слушнала и експлозија.
-Во училишната зграда дојде до експлозија, можевме да видиме јак чад – изјави еден од локалните службеници.
По немилиот настан кон училиштето се упатиле над 20 екипи од Итната медицинска помош, пренесува Спутник повикувајќи се на изјавата на портпаролот на Министерството за здравство на Татарстан.
Казањ се наоѓа на околу 800 километри од Москва. Во овој град кој е познат како „трета престолнина на Русија“ живеат над 1 милион жители.
https://twitter.com/i/status/1392018837042876416