25-годишната Саки Судо е обвинета за убиство на нејзиниот 77-годишен љубовник, кој наводно и барал секс три пати на ден.
Тајкунот Косуке Нозаки, кој богатството го стекнал преку недвижнини, земјоделство и позајмување пари, се омажи за осомничената во февруари 2018 година во јапонскиот град Танабеу. За неколку месеци тој бил мртов, пренесува Тhe Sun.
Нозаки ги отфрлил предупредувањата дека Судо, поранешна порно sвезда, се омажила со него за пари, откако била забележана на луксузни патувања низ целиот свет.
„Жал ми е за 99 проценти од луѓето кои сакаат овој брак да се распадне, но уверен сум дека ќе бидам среќен“, напишал милионерот во своите мемоари. Тој исто така во книгата тврди дека редовниот секс е тајната за да се остане млад.
Но, полицијата сега тврди дека Судо го убила сопругот со „акутно труење“. Записите од нејзиниот мобилен телефон покажуваат историја на потрага по стимулативни лекови и отрови, објавија јапонските медиуми.
Судо е уапсена во Токио минатиот месец и во нејзиниот дом бил извршен претрес. Таа била вратена во Вакајама, каде што живеела со нејзиниот сопруг и сега е обвинета за убиство. Вдовицата вели дека сопругот го пронашла мртов во нивниот дом во мај 2018 година. Полицијата претходно објавила дека тој бил позитивен на дрога.
Нозаки се фалел дека спиел со повеќе од 4.000 жени. Пред пет години, тој ја напишал книгата „Дон Жуан од Вакајама“. „Причината што заработувам пари е затоа што излегувам со привлечни жени“, напишал тој.
Кога ја запросил Судо, тој наводно ја прашал дали ќе му биде последната сопруга. Медиумите исто така пишуваат дека наскоро по неговата смрт, Судо била назначена за претседателка на мултимилионската компанија на нејзиниот покоен сопруг.