СЕ СРУШИ БАЛКОН: Прославувале роденден, па испопаѓале на карпите (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

by Тони Зографски

Камерите го забележале моментот кога паднал балконот на куќа на плажа, во Малибу, додека на него имало најмалку 10 лица кои присуствувале на роденденска забава.
9 лица се повредени, а две се во критична состојба.

-Група луѓе беа на балконот и слушнавме како пука нешто и ги видовме моите најдобри пријатели и девојка како паѓаат од височина од 4,5 метри на карпите. Јас дури и не знам како се случи тоа, рече еден од очевидците, известува New York Post“.

Сопственичката на куќата која ја изнајмува за туристи за забави вели дека таа е оштетена бидејќи внатре имало 30-тина лица, иако било дозволено да има само шест. Изјавила дека нејзијата куќа е „вандализирана“ и останала без балкон.

Пожарникарите соопштија дека за време на падот имало 15 лица на балконот.

останати вести