Преку статус на својот Фејсбук профил се огласи Тамара Јованов, сопруга на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, каде напиша дека наводно на многу жени им сметало доењето во јавноста.
“Во државава, многу жени се противници на доење на детето во јавност?!
Не било убава глетка?! Дома да си седеле?!
А не им пречат децата што просат на улица или ѓубриштето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа, не коментираат. Тоа им е таман глетка?!
А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив.
Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава!
Пс. За таквите, поздрав од мене и моето дете – има 2,5 години и уште го дојам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката!“.
Инаку, Тамара и Димитар го имаат 2,5 годишниот син Исак.