По Виталиј Гречин, кој во Дубаи направил хаос фотографирајќи група голи девојки, бура се кренала и во турската провинција Мугла, спроти грчкиот остров Родос. Каок што може да се види на снимкјата, на една јахта имало двајца мажи и шест жени.
Според медиумите, тие се Украинки.
– Гледањето на ваква сцена за време на локдаунот, а особено за време на Рамазан, предизвика голем гнев, рече еден локален жител.
Жените биле приведени на распит во полицијата, а една Украинка потоа се огласила на социјалните мрежи.
– Видеото е снимено од некој од соседната јахта, а полицијата интервенираше поради реакцијата на јавноста. Како што знаете, во муслиманските земји е подобро да не се сликате голи. Ако го направите тоа, се препорачува тоа да биде на подискретно и скриено место, изјави таа.
Како што навела, тие се соблекле, не знаејќи дека некој ги снима од далеку. Кога дале изјави во полиција, тие беа ослободени.