На апликацијата „Телеграм“ повторно се појавила група во која луѓето од Балканот испраќаат интимни фотографии на девојки од Србија и околините земју. Досега во групата се споделени повеќе од 11.000 фотографии и снимки од девојчињата.
Групата „Перверзии на Балканот“, која наводно е основана од помлада жена регистрирана како Кристина, брои 26.590 членови кои секој ден си испраќаат порнографија. Фотографиите и видеата што се испраќаат се различни, така што во групата има и симнати од порно страници, но и приватни интимни фотографии на девојки и жени од Балканот. На некои од нив има и имиња од девојките.
Меѓу нив била В.М. (25) од Нови Сад, на која познаник ѝ препратил дека видел нејзина фотографија во оваа група на „Телеграм“. Нејзиното селфи било меѓу многуте порнографски содржини, објави српска „Нова“.
Како што објаснува, ја пронашла и личноста која ја објавила нејзината фотографија.
„Самата видов кој ја презел фотографијата, лицето во групата е потпишано како „Др Мр“, но не можам да го видам телефонскиот број или да дознаам за кого се работи“, вели таа.
Поради групата „Перверзии на Балканот“, оваа девојка одеднаш била малтретирана од машки лица на Инстаграм.
„Одеднаш ме заследоа и почнаа да ми пишуваат дваесетина момци. Ова траеше сè додека не дознав што се случува, ги блокирав и бидејќи ја контактирав таа група, мојата слика набргу беше отстранета. После тоа, веќе не бев вознемирувана“, вели соговорникот.
Како што додава таа, заради споменатата група, се обратила и до надлежните институции.
„Испратив е-пошта до одделот за високо-технолошки криминал при српското МВР, но сè уште не добив одговор“, вели девојката.
Се уште нема информации дали меѓу споделените слики и видеа во групата има и девојки од Македонија.