Игор Џамбазов и Илина Арсова прославија една година од љубовната врска.
По тој повод, Игор на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија, а во описот напиша емотивна порака.
„ Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: “А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…,“, напиша Џамбазов.