Непознат маж и девојка упаднале во имотот на кралицата Елизабета во Виндзор. Упадот се случил минатата недела, но таа вест дури сега е потврдена за британските медиуми.
Лицата кои се осомничени се на 31-годишна и 29-годишна возраст, а истите наводно, ги прескокнале оградите во кралската ложа, во близина на местото каде што кралицата ги шета своите кучиња и јава коњи, пишува „The Sun“.
Во тоа време кралицата не била на имотот, а провалниците сепак на крајот биле уапсени веднаш до црквата и домот на синот на кралицата, принцот Ендру, кој во тоа време бил дома.
„Двојката шетала околу прекрасниот имот со часови, без никој да ги забележи, тоа е срамота“, велат извори блиски до кралицата.
Дури и пред тоа, обезбедувањето било дополнително подготвено, бидејќи неколку дена претходно, тие по грешка пуштиле непозната жена да влезе во имотот на кралицата.