Новиот документарец за кралското семејство откри како принцот Хари се одрекол од вереничкиот прстен на неговата мајка, принцезата Дајана, за неговиот брат Вилијам да ѝ го даде на својата тогашна свршеница Кејт Мидлтон.
Имено, откако принцезата од Велс загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, принцот Чарлс им дозволи на неговите синови да изберат парчиња од нејзината колекција накит за да ги чуваат. За прстенот од сафир се верува дека му припаѓал на Хари, додека Вилијам го избрал златниот часовник на Картие.
Во документарецот „Приказната на Дајана“, поранешниот батлер од принцезата Пол Бурел објасни дека, непосредно пред принцот Вилијам да ја запроси својата сегашна сопруга Кејт, пред 10 години, помлада братот Хари му понуди на постариот да му го подари прстен на мајка си за неговата свршеница.
– Хари се откажа од својот спомен од мајка му. Тоа е несебично, – додаде Бурел.
Прстенот е изработен од 12-каратен овален син сафир, опкружен со 14 дијаманти и поставен во 18-каратно бело злато.
Инаку, Хари на Меган Маркл и подари свршенички прстен кој го дизајнирал сам користејќи два дијаманти кои и припаѓале на неговата мајка.