На седница на Кризниот штаб во Србија, е донесена одлука после Велигден, поточно од 8. мај да се отворат целосно угостителските објекти, и да се дозволи вакцинација во трговски центри и на други јавни места.
Ова го соопшти заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
„Верувам дека заедно најдовме мерка како да работи економијата и како истовремено да се сочува јавното здравје. Праведно е нашите граѓани да бидат наградени“, напиша Весиќ на „Фејсбук“.