Во неделата попладне се случи тепачка на терминалот на „American Airlines“ на меѓународниот аеродром во Мајами. Видеото снимено од лице во терминалот покажува тепачка во близина на портата Д14, во која се вклучени две групи на луѓе.
Сведокот за „Local 10 News“ изјави дека расправијата започнала околу местата во авионот, а биле вклучени седум лица.
На видеото се слушаат други патници и луѓе во близина на терминалот, кои го повикуваат обезбедувањето и молат да престане пресметката.
Сведокот рече дека аеродромската полиција се појавила и останала на местото на конфликтот повеќе од еден час.
Полицијата во Мајами за„Local 10 News“ даде изјави дека реагирале на самото место, но жртвите не сакале да покренат обвинение.
Според MDPD, едно лице е уапсено за непристојно однесување. Полицијата подоцна го идентификуваше како 20-годишен Џамил Тремен Деквир.
Уште тројца осомничени по кои трага полицијата се уште се на слобода.
Според извештајот за апсењето на Деквиер, тој и уште три лица чекале да се качат на летот за Чикаго, но агентот на влезот им рекол дека на располагање има само три места во режим на подготвеност. Тој им предложил или да остават еден од нив или да чекаат друг лет.
Полицијата соопшти дека од засега непознати причини, групата почнала да се тепа со уште три лица, кои исто така биле на шалтерот. Тепачката започнала кога Декуир удрил во лице една од жртвите додека го напуштала шалтерот. По тепачка жртвите и рекле на полицијата дека не знаат зошто се тепале и одбиле да покренат обвинение.
Деквир, сепак, бил уапсен поради проблеми со компанијата и безбедноста на аеродромот. Тројцата соучесници во тепачката сè уште не се пронајдени.
Полицијата соопшти дека жртвите се здобиле со полесни повреди.
Today at Miami International Airport outside Urban Decay at Gate D14 #BecauseMiami pic.twitter.com/wRnXh8f7dS
— Billy Corben (@BillyCorben) April 25, 2021