За Велигден и Бајрам да нема полициски час, и угостителските објекти да работат до 20, односно до 20: 30 часот, е новиот предлог на Главниот кризен штаб во Владата, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Настојуваме да се отворат сите тераси. Полицискиот час да трае од 21
часот до 5 часот наутро од 28 април. А за Велигден и за Рамазан Бајрам да нема полициски час. Во тие денови угостителските објекти да работат како и дотогаш до 20.30 часот – изјави Филипче.
Тие деноноќија пред празниците, сабота спроти недела и 12-ти кон 13-ти нема да има полициски час, а луѓето ќе можат слободно да се движат. Додека пак, кафулињата и рестораните ќе работат до 20, односно 20.30 часот
Мерките сигурно ќе важат до завршување на сите празници, а потоа ќе се дискутира дали ќе има нови мерки.