Индија стана втора земја во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус. Во изминатите 24 часа се потврдени 352.991 нов случај на ковид-19, а починаа 2.812 лица. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 195.123.
На улиците на оваа земја постојано се случуваат некои трагедии.
Па така, додека возилото на брзата помош брзаше да стигне до болницата, на свиокот на улицата, од автомобилот падна телото на пациент кој почина од коронавирус. Луѓето останаа во шок и не знаеја што да прават.
Тие го поместиле телото надвор од патот, се собрале околу него и започнале да викаат и хистерично.