Пандемијата на вирусот корона нè пречека неподготвени.
Многумина веруваат дека се соочуваме со „тест“ што бара од нас постојано да се прилагодуваме и да живееме во согласност со ненадејните промени.
Соодветно на тоа, тим меѓународни истражувачи во Цирих и Њујорк сфатиле како да ја подобрите вашата отпорност.
Верувајте во себе
За луѓето кои веруваат во себе честопати се вели дека „цврсто стојат на нозе“.
Таквите луѓе се повеќе самосвесни, поодлучни и нивната емоционална зрелост е во повисока фаза на развој.
Кога верувате во себе, одлуките и пресудите што ги донесувате и сте свесни дека токму вие имате целосно право да управувате со вашиот живот, станувате посилни како личност и поотпорни на промените што доаѓаат.
Промените се неопходни во животот, и многу често тие претставуваат позитивно искуство.
Сепак, на овој начин ќе ви биде полесно да се прилагодите на промените и да ги разберете како составен дел од животот, а не како нешто што ви го нарушува умот и рутината.
Техника за зголемување на самоефикасноста
Кога ќе наидете на нов проблем или предизвик, обидете се да запомните некои од претходните предизвици кои успешно сте ги надминале. Сеќавањето на минатите искуства од кои се појавивме како победници, може да има позитивен ефект врз нашето размислување и да ни го отвори патот да го решиме постојниот проблем.
На овој начин ќе бидете многу поотпорни на препреки, но ќе добиете и самодоверба која е неопходна за здрав живот.
Самоефикасноста треба да игра голема улога во нашите животи и начинот на кој ги решаваме нашите животни предизвици и одредени стресни ситуации. Да бидете свесни за себе во тој момент, за вашите потреби и можности, е првиот чекор кон здрав живот и надминување на постојните пречки.
За да станете поотпорни и успешни во таа борба, секогаш кога ќе наидете на нов проблем, запомнете како веќе успешно сте решиле нешто слично.