Прекрасните приказни кои ги испишува Видеолотарија Касинос Австрија своја нова адреса добија во Свети Николе, во името на Киро Максимов, кој е најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Тој освои фантастични 10.589.134,00 денари.
22 април е среќен ден за Киро Максимов. Тој е најновиот добитник на сензационалната СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Видеолотарија Касинос Австрија, вредна 10.589.134,00 денари. Среќен и возбуден, расположено со нас ја сподели неговата среќна приказна.
Во четвртокот на 22 април, околу 16 часот, во Клуб спорт 77 Евротип се вклучил сигналот за најомилената џекпот добивка во Македонија, а Киро станал побогат за 10.589.134,00 денари! И како што често бидува, среќата го нашла патот за да слета онаму каде што е потребна.
Иако долго работел во угостителството, Киро во моментов е невработен. Вели дека парите ќе им ги даде на ќерките, а засега е сигурен дека ќе купи стан. Неговата приказна е уште поинтересна поради фактот што не бил некој страстен играч, но повремено сакал да одигра и во обложувалница и на терминалите на Видеолотарија. Во овој случај вложил само 50 денари, колку да го испочитува претчувството дека судбината, можеби, му подготвува нешто големо. И не погрешил.
СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е најнова добивка на Државна видеолотарија – Касинос Австрија и досега најголема, бидејќи се движи во вредност од 8.000.000 до 12.000.000 денари. Покрај неа, тука се МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во износ од 1.200.000 до 1.800.000 денари и МИНИ ЏЕК ПОТ во висина од 4.000 до 5.000 денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно