Од денеска повторно се отворен трговските центри и молови во Грција. За нив ќе важат истите правила како и за малопродажбата, односно треба да бидат запазени посебни услови.
Тоа значи дека за секоја посета на продавница мора да има претходно закажан термин или подигнување на направена нарачка, а задолжително е и испраќање смс порака, со времетраење од три часа за шопинг.
Угостителските објекти ќе почнат да работат само во надворешните делови од 3 мај.
Властите во Грција налагаат да има простор меѓу масите од околу 1,8 метри, забрането е стоење во угостителски објекти, а на една маса не смеат да седнат повеќе од шест лица.
Од понеделник брзите тестови за домашна употреба ќе бидат задолжителни еднаш седмично за вработените во јавните служби, но и за свештените лица, поповите и останатиот црквен персонал.